27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКоосновачот на онлајн енциклопедијата предупредува: Не верувајте во сè што ќе прочитате...

Коосновачот на онлајн енциклопедијата предупредува: Не верувајте во сè што ќе прочитате на Википедија, веродостојноста на податоците зависи од тоа кој ги пишува

Дали користите Википедија? Оваа бесплатна онлајн енциклопедија, создадена благодарение на напорот и времето на самите корисници, стана главно место за наоѓање информации.

Се проценува дека секој месец го посетуваат повеќе од шест милијарди посетители, кои бараат информации меѓу повеќе од 56 милиони статии. Но, нејзиниот ко-основач Лери Сангер предупредува дека не треба да се верува на сè што се чита таму.

Во интервју за Локдаун ТВ, Сангер истакна дека Википедија, како што беше на почетокот, беше добро осмислена идеја. Но, она во што во меѓувреме се претвори веќе не е енциклопедија, туку „ставовите на естаблишментот за скоро сè“.

Дали навистина може да верувате дека она што ќе го прочитате ќе биде вистина? Па зависи од тоа што мислите дека е вистина, рече Сангер.

Како пример, тој наведе страница на Википедија која се однесува на сегашниот американски претседател Џо Бајден.

Кога ќе го погледнете, има многу малку информации за сомнежите што ги имаа републиканците во врска со него. Значи, ако сакате да добиете нешто што донекаде потсетува на републиканскиот поглед на Бајден, нема да го најдете на Википедија.

Тој исто така предупреди дека некои маркетинг компании активно менуваат статии поврзани со нивните клиенти за да ја контролираат сликата што ја има јавноста за нив.

Википедија е позната по тоа што има големо влијание во светот. Затоа покрај неа се создаде голема, грда и комплексна игра, која се игра зад сцената, така што написите ќе кажат што сака некој да каже, предупреди Сангер.

Ова е една од причините зошто го напушти проектот во 2007 година, во кој вложи многу време и знаење.

Википедија, како што ја знаеме денес, повеќе не може да се санира, истакна Сангер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП