3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMercedes продолжува да руши рекорди

Mercedes продолжува да руши рекорди

mercedes3

За компанијата „Mercedes“ месецот јули од оваа година беше најуспешниот месец во годината. Во јули германскиот гигант продаде 116.790 возила. Тоа значи дека продажбата е зголемена за повеќе од 20 проценти во споредба со јули од 2012 година, што значи дека втората половина од годината „Mercedes“ ја започна со рушење на рекорди и со убави изгледи за индината.

И останатите податоци за бизнисот во оваа година се поволни. Компанијата во текот на седумте месеци продала 811.227 возила, што е зголемување за 8,1 проценти во однос на истиот период минатата година.

Според изјавата на Јоаким Шмит, кој е одговорен за продажба и маркетинг во „Mercedes“, нивната цел за оваа година е вкупната продажба на возила да се зголеми на 1,4 милиони.

„Mercedes“ е задоволен и од продажбата во Европа, и пред се на домашниот пазар во Германија, само во јули компанијата продаде повеќе од 54.000 возила или 15,5 проценти повеќе, во Германија продажбата е зголемена за 9,8 проценти, а пазарниот удел на компанијата се зголеми на 9,9 проценти во јули.

Во САД, кои се од голема важност за компанијата, во јули продажбата се зголемила за 22,5 проценти, во Кина, која исто така е во нивниот фокус, продажбата е зголемена за 31,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП