19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува пандемискиот притисок врз вработувањето на жените (ИНФОГРАФИК)

Продолжува пандемискиот притисок врз вработувањето на жените (ИНФОГРАФИК)

Непропорционално големиот удар што им го зададе пандемијата на коронавирусот на жените во работната сила ќе продолжи. Според новите податоци на Меѓународната организација на трудот (МОТ), вработувањето кај мажите закрепнува побрзо отколку кај жените, пренесе „Bloomberg“.

Оваа година ќе има 13 милиони жени кои работат помалку отколку во 2019-та година. Во исто време, според неодамнешниот извештај, мажите ќе можат да го повратат изгубеното за време на кризата.

МОТ ги повикува владите да се посветат на политиките кои се фокусираат на создавање и зачувување на работни места за жените, особено во сектори како што се здравствената заштита и образованието.

„Нееднаквостите меѓу жените и мажите во работниот свет, кои се влошија за време на пандемијата со Ковид-19, ќе опстојуваат во блиска иднина“, соопшти МОТ.

„Иако очекуваниот раст на работните места во 2021-ва година за жените ќе го надмине оној за мажите, тоа нема да биде доволно за враќање на жените во нивото на вработување пред пандемијата“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП