26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгромен пад на биткоинот: Речиси 100 милијарди долари беа избришани за еден...

Огромен пад на биткоинот: Речиси 100 милијарди долари беа избришани за еден ден

Биткоинот падна под 30.000 долари денес, првпат од 22 јуни, повлекувајќи и други дигитални валути надолу.

Според CoinMarketKep, околу 98 милијарди долари се избришани од целиот крипто пазар за 24 часа до утрово, пренесува CNBC.

Биткоинот падна за повеќе од 6,0 проценти на 29.998 долари, етериумот потона скоро 9,0 проценти, додека XRP се сруши скоро 10 проценти, според податоците од платформата КоинДеск.

Падот на биткоинот се случи по големата распродажба на глобалните берзи.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65.000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.

Постои загриженост за квалитетот и силата на економското закрепнување, што предизвика голема распродажба на глобалните пазари на капитал и пад на вредноста на ризичните средства, објаснува Анабел Хуанг, партнер во компанијата Амбер Група за финансиски услуги во криптовалута тргување.

„Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го намали пазарот на крипто“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП