19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКупувањето на овие осум производи е непотребно фрлање на пари

Купувањето на овие осум производи е непотребно фрлање на пари

Заштедете нешто и одлучете дека повеќе нема да купувате препарати кои, всушност, не прават многу за вашиот изглед.

Како никогаш претходно, сега знаеме колку е важно да не трошиме премногу, па затоа е паметно да размислите дали купувате производи што нема да го постигнат она што сте го замислиле. Овие осум производи нема да ви помогнат да изгледате убаво.

1. Скапи средства за чистење на лицето

Средството за чистење на кожата останува многу кратко, само за да ги исчисти остатоците од шминка и другите нечистотии и тоа е буквално сè што се бара од него – добро да ја исчисти нечистотијата. Дерматологот Кристин Чои Ким од Санта Моника, верува дека има нешто подобро во кое треба да инвестирате, а тоа е четка за чистење. Побарајте поевтина варијанта која нежно вибрира за целосно чистење на кожата.

2. Современи производи за спречување на стареење на кожата

Змискиот отров или нешто слично може да звучи привлечно, па дури и да има некои придобивки, но нема ниту еден научен доказ на своја страна, наведува д-р Ким.

3. Скапи креми за сончање

Најдобрата крема е онаа што ќе ја користите, и ако купувате врз основа на изгледот на пакувањето или мирисот, не го правете тоа повеќе и запомнете дека не треба да трошите многу пари за да го заштитите лицето од сонцето. „Скапото пакување не значи подобар производ“, вели дерматологот.

4. Антицелулитни креми

„Целулитот е комплексен проблем кој ниту еден крем нема да го реши, затоа ве советувам да не ги земате најскапите производи од полицата“, советува д-р Ким.

Таа додава дека некои креми можат привремено да ја измазнуваат кожата, доколку содржат кофеин, помагаат и при излачување на вода, што е еден од главните проблеми на целулитот.

Она што можете да го направите е да внимавате на вашата исхрана и вежбање.

5. Креми против стрии

И овие заобиколете ги во широк лак затоа што ако тие функционираа, никој немаше да има стрии.

Единствен исклучок е ретинолот, за кој се покажа дека го подобрува изгледот на стриите по шест месеци употреба.

Покрај тоа, можете да разговарате со дерматолог за ласерски процедури, а некои од нив може да го стимулираат производството на колаген и на тој начин да го намалат видливото црвенило.

6. Производи за стеснување на порите

Многу производители не се целосно искрени кога нудат помош за вашите пори, т.е. производи врз основа на силикон кои можат да помогнат, со кои за кратко време ќе бидат помалку видливи, но ништо не ветува дека ќе исчезнат целосно.

Д-р Ким забележува дека порите ги одредува генетиката и ништо не може трајно да ги отстрани.

7. Препарати од салон

Нема некоја суштинска разлика при користење технологија и состојки за производи што можете да ги купите во салоните, објаснува хемичарот Ренди Шулер.

8. Креми со висок заштитен фактор

Ако верувате дека фактор 100 ќе ги блокира двојно повеќе УВ зраците, не сте единствени. Еден од најголемите митови за заштита од сонце е дека висок фактор ќе заштити подобро, а тие всушност обезбедуваат само малку подобра заштита.

Реалноста е следна: Фактор 15 блокира 93 проценти, оној од 30 блокира 95 проценти и од 50 до 97 проценти. И покрај овие мали разлики, луѓето сè уште го купуваат кремот кој има најголем фактор број. Сепак, постои уште една замка, а тоа е дека луѓето кои применуваат фактор 50 остануваат на сонце многу подолго отколку оние кои применуваат фактор 15 затоа што имаат поголемо чувство на сигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП