19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на туристичкиот сектор ги притиска индексите

Падот на туристичкиот сектор ги притиска индексите

Индексите на европските берзи паднаа во понеделникот наутро, најмногу поради падот на цените на акциите во туристичкиот сектор, кој е под притисок поради ширењето на делтата варијанта на коронавирусот.

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции падна за 1,2 проценти во 9,30 часот и се спушти на најниско ниво во последните две недели.

Лондонскиот индекс „FTSE“ падна за 1,20 отсто, на 6.922 поени, додека франкфуртскиот „DAX“ се лизна за 1,10 отсто, на 15.372 поени, а парискиот „CAC“ за 1,15 отсто, на 6.380 поени.

Цените на акциите паднаа најмногу утрово во секторот туризам, во просек од 2,3 проценти, бидејќи ширењето на варијантата делта може да ја погоди глобалната побарувачка за патувања и да го забави закрепнувањето на економиите.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи, па затоа азиско-пацифичкиот индексот „MSCI“, со исклучок на јапонските берзи, се намали за 1,3 проценти околу 9,30 часот.

На берзата во Токио, пак, индексот „Nikkei“ се лизна за 1,25 проценти, на 27.652 поени.

Падот на индексот е знак на забавување на заздравувањето на глобалната економија од коронакризата, додека многу земји, особено во Азија, бележат зголемување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот, што доведува до нови ограничувања.

Така, на пример, аналитичарите на „Bank of America“ ја намалија проценката за економскиот раст на САД во оваа година од претходните 7 на 6,5 проценти.

Покрај тоа, инвеститорите стравуваат од зголемен инфлациски притисок, што може да ги натера глобалните централни банки да ја затегнат монетарната политика порано отколку што се очекуваше.

– Што се однесува до инфлацијата, лошата вест е дека таа може да остане висока уште некое време. Добрата вест е дека веројатно е близу до врвот, барем во следните неколку месеци – напишаа аналитичарите на „Bank of America“ во прегледот на економската состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП