19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„KLM“ добива помош за ликвидност од 3,4 милијарди евра

„KLM“ добива помош за ликвидност од 3,4 милијарди евра

Европската комисија (ЕК) ја потврди помошта од 3,4 милијарди евра што „KLM“ ќе ја добие од холандската влада, соопшти Брисел. Средствата мора да обезбедат ликвидност за компанијата во контекст на пандемијата на коронавирусот.

Во мај 2021-ва година, Судот на правдата ја поништи одлуката на Брисел за одобрување државна помош за „KLM“ по тужбата на ирскиот „Ryanair“.

Судот потоа праша зошто „KLM“ е единствениот што може да има корист од шемата за поддршка и зошто нема корист од француската поддршка што ја дава „Air France“, со која беше споена.

ЕК сега ја потврди својата одлука и испрати објаснување до Судот за функционирањето на сојузот „Air France – KLM“, како и детали за корисниците на државна помош доделени од владите на Франција и Холандија.

За Брисел, распределбата на средствата е исто така неопходна и пропорционална мерка за да се избегне сериозна нерамнотежа во економијата на земја-членка на ЕУ.

Првично, ЕК даде зелено светло за помош на „KLM“ во јули 2020-та година според релаксираните правила за државни субвенции во врска со ширењето на коронавирусот. Компанијата е втор по големина приватен работодавач во земјата со над 36.000 вработени.

Поддршката добиена за авиокомпанијата е во форма на државни гаранции за заеми доделени од конзорциум на банки, како и подреден заем од холандската влада за период од 5 и пол години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП