25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi RS3 со 400 „коњи“ пристигна (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот Audi RS3 со 400 „коњи“ пристигна (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител објави фотографии и технички детали за новата најмоќна верзија на неговиот компактен модел.

Со онлајн премиерата на „RS3 Sportback“ и „RS3 Sedan“, „Audi“ ја заокружи понудата на новата генерација „A3“.

Двата автомобили имаат уште поагресивен дизајн во споредба со нивните претходници, а под хаубата сè уште има 5-цилиндричен 2,5-литарски турбо бензинец.

Надворешниот дизајн се одликува со нови „LED“ сигнали и светла за сопирачките, како и големи дефлектори на воздухот на предниот браник.

Посебно уживање се темните 19-инчни алуминиумски тркала со гуми „Pirelli P Zero Trofeo R“.

Како што доликува на ваков модел, задниот дел на возилото е украсен со масивен дифузер и големи завршетоци на издувниот систем на „RS Sport“.

Од друга страна, внатрешноста е подобрена со алкантара и спортски црвени детали, а контролната табла е целосно дигитализирана со два екрани, 12,3-инчен дисплеј на таблата со инструменти и централен екран на 10,2-инчен на мултимедијалениот систем.

Под хаубата се наоѓа 2,5-литарски „TFSI“ со пет цилиндри што во „RS3 Sportback“ и „Sedan“ произведува точно 400 коњски сили (294 kW), достапни на 5.600-7.000 вртежи во минута.

Максималниот вртежен момент е 500 Nm и му е достапен на возачот при 2.250-5.600 вртежи во минута. Тоа е за 20 Nm повеќе од претходната генерација.

Силата се пренесува на сите 4 тркала преку напредна автоматизација со 7-брзински менувач со двојна спојка.

„Audi“ наведува дека и двете верзии „RS3“ забрзуваат од едно место до „стотка“ за 3,8 секунди, што е за 0,3 секунди подобро од генерацијата во заминување.

Максималната брзина е електронски ограничена на 250 на час, но ограничувањето може да се зголеми на 280, па дури и на 290 km/h, во случај на опционалниот пакет „RS Dynamic“.

Новиот „Audi RS3“ пристигнува во европските салони во август.

Препорачаната почетна цена е 60.000 евра за „Sportback“ или 62.000 евра за варијантата „Sedan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП