20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоларната индустрија бара начин да биде поефикасна

Соларната индустрија бара начин да биде поефикасна

Откако поминаа неколку децении обидувајќи се да ги намалат трошоците за производство на електрична енергија од сонцето, соларната индустрија сега се фокусира на нов потфат – зголемување на ефикасноста на панелите. Производителите во моментов работат на иновации за подобрување на технологијата, така што централите ќе можат да произведуваат повеќе енергија, пишува „Bloomberg“.

Во последните две години цената на соларните панели значително опадна, коментираат од „Wood Mackenzie“. Според компанијата, новите технологии што се развиваат сега ќе го направат производството на енергија од сонцето уште поевтино.

Според развивачите, иновациите ќе овозможат производство на иста количина електрична енергија од помали панели. Ова е од суштинско значење во однос на загубата на земјиштето, трошоците за производство и другите трошоци поврзани со панели како што се благородните метали.

Општо, изградбата на соларна централа денес е поевтина од електраните на гас и јаглен. Цената на панелите се намали за 90% во периодот 2010-2020 година. Сепак, дополнителните трошоци за технологиите за складирање на енергија сè уште ги тераат инвеститорите да размислат пред да инвестираат во ваков проект.

Но, новите технологии можат целосно да ја променат ситуацијата.

На пример, се развиваат потенки и потранспарентни панели, така што прозорците на зградите ќе можат да се „искористат“ во производството на електрична енергија, заштедувајќи вредно земјоделско земјиште на кое се наоѓаат стандардните соларни панели. Оваа технологија ја развива „Korea Electric Power“ и тие веруваат дека значително ќе го променат пазарот.

Друга иновација се двострани панели. Обично соларните централи ги „собираат“ сончевите зраци само на едната страна од нивните модули. Но, мали количини на светлина се рефлектираат од површината на земјата и може да се користат. Двостраните панели стануваат сè попопуларни од 2019-та година, кога тие за прв пат се појавија, но нивниот бум е во застој по трговските спорови меѓу САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП