Француските здравствени власти соопштија дека 12.532 случаи на коронавирус се потврдени трет ден по ред кога Франција бележи повеќе од 10.000 инфекции на ден.
Агенциите известуваат дека многу заразниот делта-сој е виновен за зголемувањето на бројот на пациентите, а вкупниот број на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата надмина 5,87 милиони.

