26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Тетово најмногу заразени од веселби на затворено, Комисијата засега нема да...

Во Тетово најмногу заразени од веселби на затворено, Комисијата засега нема да воведе забрана

Во Тетово најголем број од новите случаи на заразени со коронавирус се поради непочитување на протоколите за време на семејни веселби во затворен простор, но и покрај тоа Комисијата за заразни болести, одлучи да не препорача нови мерки за заштита од коронавирусот.

По состанокот на Комисијата, беше заклучено дека мерките би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, а засега состојбата е стабилна.

Оттука нагласија дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации“, велат од Комисијата за зразни болести.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Свадбите во затворени простории се дозволени од 1 јули со максимум 250 гости. Заедно со крштевките и родендените, свадбите беа забранети лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП