Скоро половина од 25 милиони жители на Австралија се заклучени во своите домови поради ширењето на делта-сојот на коронавирус, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.
Австралиските власти денеска објавија дека во државата Викторија ќе биде продолжено заклучувањето поради Ковид-19 во наредните денови и покрај благиот пад на бројот на новозаразени.

