26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСледи ја својата пензиска заштеда и информирај се дали твојот работодавач редовно...

Следи ја својата пензиска заштеда и информирај се дали твојот работодавач редовно ги уплаќа твоите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување

Доколку си член на вториот и третиот пензиски столб, твоето пензиско друштвото е должно еднаш годишно (најдоцна до 31.3. за состојба на 31.12. претходна година) да ти достави извештај за состојбата на средствата на твојата индивидуалната сметка на адресата на живеење (во зелен плик) или на твојата електронска адреса.

Во овој годишен извештај има два вида на информации:

  • Информации за состојбата на средствата на индивидуалната сметка за пензиска заштеда
  • Информации за инвестирањето на средствата на пензискиот фонд, детален податок за наплатените надоместоци и остварените приноси на пензискиот фонд.

Исто така, твоето пензиско друштво заради поголема транспарентност ти овозможува да избереш полесен и побрз начин за подетален увид на средствата на твојата индивидуална сметка во секое време, преку интернет страницата на пензиското друштво. 

Следи ги информациите на твојот профил на интернет страните на пензиските друштва и постојано биди информиран за своите средства.

Следејќи ја тековно твојата индивидуална сметка, ќе добиеш информација за износот на придонесите што биле уплатени во текот на изминатата година, а датумот на уплата со што точно ќе знаеш и дали твојот работодавач навремено ги уплаќа придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.

Многу важно е да знаеш дека за евиденција на средствата на твојата индивидуална сметка се користат сметководствени единици. Сметководствена единица претставува пропорционален дел во вкупните нето средства на пензискиот фонд. Оваа вредност се пресметува секојдневно и зависи од движењата на цените на инструментите во кои се инвестирани средствата на твојот пензиски фонд. Сите уплати по основ на придонес се претвораат во сметководствени единици на тој начин што уплатениот износ на придонес најпрво се намалува за надоместокот од придонес што го наплатува пензиското друштво, а потоа таа вредност се дели со вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата. 

На пример, доколку уплата на придонес за тебе како член во пензискиот фонд, намалена за надоместокот од придонес, изнесува 1.000 денари, а вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата е 100 денари, тогаш уплатата се конвертира во 10 (1.000/100) нови сметководствени единици. Односно, ти како член стекнуваш 10 сметководствени единици и за толку се зголемува бројот на твоите сметководствени единици но и вкупниот број на единици на фондот.

Во извештајот за пензиска заштеда има и сликовит графичкиот приказ од каде може да видиш за колку пораснале твоите средства за пензиска заштеда во текот на годината.

Повеќе информации на www.penzija.mk  и www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП