19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелта сојот ги уништува светските пазари

Делта сојот ги уништува светските пазари

Цените на акциите на светските берзи паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуваат дека ширењето на делта варијантата на коонавирус во светот ќе го забави закрепнувањето на економијата.

На Вол Стрит, Dow Jones минатата недела падна за 0,5 проценти, на 34.687 поени, додека S&P 500 се лизна за еден процент на 4.327 поени, а индексот Nasdaq за 1,9 проценти, на 14,427 поени.

Првиот пад на овие индекси во последните четири недели е последица на значителниот пад на цените на акциите во петокот, откако беше објавено дека бројот на случаи на новоинфицирани со коронавирус во САД е зголемен за 70 проценти а бројот на смртни случаи од Минатата недела за 26 проценти.

Досега, инвеститорите ги игнорираа вестите за ширењето на делта варијантата на вирусот во Азија и Европа.

„Ковид почнува да влијае на пазарот за прв пат од минатото лето, кога започна со тргување врз основа на најавите за отворање економии по блокирањата“, рече Џејк Долархајд, директор на „Лонгбоу Асет Менаџмент“, пишува Ројтерс.

Меѓу најголемите губитници минатата недела беа акциите на големите технолошки компании како „Епл“, „Амазон“, „Фејсбук“ и „Нвидија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП