29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште една земја ја скратува работната недела - Наместо 48, ќе се...

Уште една земја ја скратува работната недела – Наместо 48, ќе се работи 42 часа

Претседателот на Колумбија, Иван Дјук, потпиша закон со кој постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без намалување на правата на работниците.

По потпишувањето на законот, Дјук рече дека Колумбија на тој начин се приклучува кон најдобрата практика на безбедност при работа, пренесува РИА Новости.

Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години. Две години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за еден час неделно, а по три години за уште еден час.

Четири години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за уште два часа неделно – до 42 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП