26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИзраелскиот премиер: Вакцините нема да бидат доволни против делта-сојот

Израелскиот премиер: Вакцините нема да бидат доволни против делта-сојот

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска на состанокот за епидемиолошката состојба со коронавирусот во таа земја дека заштитата обезбедена од вакцините против делта-сојот е „послаба отколку што се надевавме“, пренесуваат израелските гласила.

„Секој што се надеваше дека вакцините ќе го решат проблемот самостојно, тоа нема да се случи“, рече Бенет на состанокот со членовите на владата, Советот за национална безбедност, полицијата и војската.

“Делта-сојот се шири низ целиот свет. Од една страна, вакцините се ефикасни против вируси, затоа се грижиме да имаме доволно резерви на вакцини. Но, вакцините сами по себе не се доволни “, додаде израелскиот премиер.

“Не знам точно колку помага вакцината, но е многу послаба во однос на делта-варијантата. Се надеваме дека ќе забележиме забавување на бројот на новозаразени наскоро, но досега тоа не се случува, ниту овде ниту во остатокот од светот”, кажа Бенет.

„Нашата цел е да обезбедиме нормален живот, но со прилагодување на пандемијата“, заклучи тој.

На состанокот беше одлучено да се започне забрзана постапка за одобрување на домашни тестови за коронавирус. Според тамошните новинари, висок службеник на Министерството за здравство вчера изјавил дека во моментов не се разгледува нова опција за заклучување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП