23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСовршенство: „Aston Martin Valhalla“ - хибриден ѕвер со 950ks (ФОТО/ВИДЕО)

Совршенство: „Aston Martin Valhalla“ – хибриден ѕвер со 950ks (ФОТО/ВИДЕО)

Британскиот производител претстави сериска верзија на својот нов хиперавтомобил.

Долго очекуваниот „Aston Martin Valhalla“ дебитираше во четвртокот.

Производителот го избра името на новиот хиперспортски модел пред неколку години, кога го заштити во Европската канцеларија за интелектуална сопственост.

Тоа е второ име во низа, по „Valkyrie“, што британскиот производител ќе го земе од нордиската митологија – „Valhalla“ (Валхала) значи живеалиште на воини убиени во битка.

За самиот автомобил се зборуваше во медиумите во последните две години, од салонот во Женева во 2019-та година, кога беше претставен концептот „AM-RB 003“, и сега конечно имаме можност да ја видиме сериската верзија.

Како и некои други производители на суперавтомобили, како што се „Ferrari“, „McLaren“ и „Porsche“, и „Aston Martin“ за својот модел избра хибриден погонски систем кој обезбедува вкупно 950 коњски сили.

Срцето на погонската единица е 4.0-литарски твин-турбо V8 развиен од „Mercedes-AMG“. Само овој мотор испорачува импресивни 750 ks (551 kW) при 7.200 вртежи во минута.

На бензинецот му помагаат пар електромотори со вкупна моќност од 204 ks (150 kW), така што хибридниот систем ги произведува гореспоменатите 950 ks (698 kW) и 1.000 Nm.

Ако моторот е позајмен од Германија, менувачот е британски. Станува збор за 8-степен автоматски со двојна спојка, што овозможува „Valhalla“ да достигне 0-100 km/h за само 2,5 секунди, додека максималната брзина на автомобилот е 350 на час.

Ако се вози исклучиво на електрична енергија, „Aston Martin Valhalla“ е способен да развива максимум до 130 km/h, но со таа брзина може да се вози на електричен погон од максимум 15 километри.

Инаку, британскиот производител планира да ги тестира можностите на својот хиперавтомобил на Нирбургринг, каде што очекува резултат за помалку од 6 минути и 30 секунди.

Цената сè уште не е објавена, а пред две години, „Aston Martin“ објави дека се планира ограничена серија од само 500 примероци, кои ќе се продаваат по почетна цена од околу 1.000.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП