28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска се подготвува да го прифати глобалниот данок од 15 отсто

Ирска се подготвува да го прифати глобалниот данок од 15 отсто

Ирска се подготвува да се откаже од стапката на данок на добивка од 12,5 проценти, со цел да воведе даночна стапка од 15 проценти, објави весникот „Irish Examiner“, повикувајќи се на извори од владата.

На почетокот на јули, 130 земји се собраа во иницијативи за борба против ерозијата на даночната основа, под раководство на Организацијата за економска соработка и развој и Г-20, го прифатија предлогот за воведување минимална глобална даночна стапка од најмалку 15 проценти за големи мултинационални компании.

Исто така беше предложено дел од правото на оданочување на големите компании да се пренасочи од матичната земја во онаа во која тие работат.

Ирска беше во малата група на земји кои не го поддржаа овој предлог, заедно со Унгарија и Естонија.

Дневниот весник „Irish Examiner“ објави, повикувајќи се на неколку високи извори во владата, дека Даблин се подготвува да се откаже од даночната стапка од 12,5 проценти до крајот на годината.

Владата сè уште нема донесено официјална одлука, но се очекува да се откаже од 12,5 проценти како дел од новиот договор за данок на ОЕЦД, кој ќе биде склучен во октомври, изјавија извори за „Irish Examiner“.

„Ирска ќе продолжи да се залага за правата на малите земји за одржување на одредена конкурентска предност, но ние не сакаме да бидеме исклучок кога станува збор за глобален даночен договор“, изјави за ирскиот весник висок претставник на владејачката коалиција.

Од Министерството за финансии за „Irish Examiner“ изјави дека Ирска го поддржува договорот на ОЕЦД во принцип, но посочи резерва кога станува збор за договор за минимална глобална даночна стапка од најмалку 15 проценти.

Доколку се постигне договор, владата ќе ги препорача промените, ја цитира „Irish Examiner“ изјавата на министерот за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП