27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАКина немилосрдна према невакцинираните: Им воведе строги забрани, тие нема да можат...

Кина немилосрдна према невакцинираните: Им воведе строги забрани, тие нема да можат да ги посетуваат училиштата и болниците

Кина не остава ништо на случајност

На учениците нема да им биде дозволено да се вратат во училиштата во септември, доколку целото нивно семејство не се вакцинираат, соопштија некои локални самоуправи во Кина.

Неколку градови исто така рекоа дека луѓето мора да бидат вакцинирани за да влезат во јавните установи, како што се болници и супермаркети.

Ова се случи додека Кина се надева дека ќе ја постигне националната цел за вакцинирање на 64 проценти од населението до крајот на годината.

На овој начин, Кина им се придружи на нациите како Франција и Грција, кои ја направија вакцинацијата задолжителна во некои сектори или ризикуваат да бидат суспендирани.

-Оние кои сè уште не биле вакцинирани, треба да побрзаат и да се вакцинираат, со цел да се избегне загрозување на враќањето на нивните деца на училиште – пишува во соопштението на градот Бејл, во провинцијата Гуангкси, објавен претходно оваа недела.

Градот додаде дека ова правило важи за ученици од сите возрасти.

Локалните власти во другите провинции, вклучувајќи ги Jиангкси и Хенан, издале слични директиви во кои се наведува дека само студентите чии семејства биле вакцинирани ќе имаат право да присуствуваат на есенскиот семестар.

Сепак, овие правила многу варираат во зависност од тоа каде живеете.

Во северната провинција Хебеи, Пингсјанг, учениците на возраст од 12 до 17 години нема да смеат да се враќаат на училиште освен ако не се вакцинирани. Не е јасно дали ова важи и за ученици од други години.

Во меѓувреме, Ханчен во провинцијата Шанси вели дека невакцинираните луѓе, меѓу другите, нема да можат да посетуваат хотели, ресторани и забавни настани.

Крајниот рок варира од град во град, но повеќето од нив одредија краен рок до крајот на јули за луѓето да ја примаат вакцината, пред да стапат на сила строгите мерки.

Овие најави предизвикаа гнев на социјалните мрежи, а корисниците велат дека не се фер.

-На почетокот тие рекоа дека вакцинирањето е доброволно. На крајот на краиштата, се покажа дека е задолжително – напиша едно лице на Weibo.

Кинеските здравствени власти соопштија дека, иако луѓето треба да бидат охрабрени да се вакцинираат, одлуката ќе им биде оставена на нив.

Сепак, им беше кажано и на пониските нивоа на власта да дадат приоритет на вакцинирање што повеќе луѓе.

Кина досега има дадено повеќе од 1,4 милијарди дози вакцини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП