23 април, 2024
ПочетнаКОРОНАДелта сојот стана доминантен во светот

Делта сојот стана доминантен во светот

Делта сојот на коронавирус сега доминира низ целиот свет, придружена со зголемување на бројот на смртни случаи во САД, скоро целосно меѓу невакцинираните лица, соопштија американските власти. Делта-вирусот, кој е значително позаразен од оригиналниот вид на коронавирус, е откриен во повеќе од 100 земји низ светот и сега е доминантен, изјави водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.

Бројот на заразени во САД се зголеми за 70 проценти во текот на претходната недела, а бројот на смртни случаи се зголеми за 26 проценти, со ширење на инфекцијата во делови од земјата со ниска стапка на вакцинација, рече директорот на Центарот за превенција и контрола на болести Рошел Валенски.

Седумдневниот просечен број на дневни случаи сега е поголем од 26.000, што е скоро повеќе од двојно во споредба со 11.000, што е најмал број забележан во јуни.

„Ова станува пандемија на невакцинираните“, рече таа, додавајќи дека 97 проценти од хоспитализираните лица во САД се невакцинирани.

Поголема шанса за хоспитализација е забележана кај делта варијантата.

Делта сојот, кој е значително позаразен од оригиналниот вид на коронавирус, е откриен во повеќе од 100 земји низ светот и сега е доминантен, изјави водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.

„Имаме работа со застрашувачки вид“, рече Фаучи.

Светската здравствена организација уште минатиот месец предупреди дека делта сојот наскоро може да стане најраспространетиот вид во светот поради неговата висока преносливост.

Делта сојот првпат се појави во Индија во октомври 2020 година, многу е позаразен од другите и се покажа како поотпорен на вакцините, иако тие сепак штитат од најтешките форми на КОВИД-19 и смртност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП