24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШест интересни факти за светската популација

Шест интересни факти за светската популација

Светскиот економски форум (WEF) издвои шест факти за населението во светот.

Азија е дом на 60 проценти од светската популација. Секој трет човек живее во Кина или Индија.

Просечната возраст на жените е 75 години, додека просечната возраст на мажите е 71 година. Од 2000 година, просечниот животен век е продолжен за шест години.

Јапонија има најстаро население во светот. Просечната возраст на жителите на оваа земја е 45,9 години.

Нигер има најмлада популација, а просечната возраст на населението во оваа држава е 15,2 години. Сите 10 земји со најмладо население во светот се африкански земји.

85% од децата на возраст под 16 години се во училиште.

Во моментов живеат 7,88 милијарди луѓе во светот. Глобалното население расте годишно за 1,1 процент.

Се проценува дека на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители до 2030 година, а 9,7 милијарди до 2050 година.

Светскиот економски форум ги презема овие информации од World Population Review и од Обединетите нации (ООН).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП