19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ го престигна „Apple“ на второто место на пазарот на смартфони

„Xiaomi“ го престигна „Apple“ на второто место на пазарот на смартфони

„Xiaomi“ стана вториот најголем производител на паметни телефони во светот во последниот квартал по скокот на продажбата од 83%, според првичната прогноза на „Canalys“.

Ова е првпат „Xiaomi“, кинески производител на секаков вид електроника – од уреди за готвење ориз до монитори за игри – да стигне до втората позиција, во која претходно доминираа „Samsung Electronics“ и „Apple“.

Уделот на пазарот на „Samsung“ достигна 19% во вториот квартал, а на „Xiaomi“ е 17%. Уделот на „Apple“ на глобалниот пазар на паметни телефони е 14%, според информациите на компанијата за истражување на пазарот. Цената на акциите на „Xiaomi“ денес порасна за 4,1% и компанијата е најдобриот изведувач во индексот на Хонг Конг – „Hang Seng“.

„Huawei Technologies“ накратко успеа да се пробие на истото место сè додека санкциите не го ограничија пристапот до клучните чипови. Неговото повлекување од високо конкурентскиот пазар на паметни телефони ги мотивира другите кинески компании да инвестираат агресивно во нов хардвер и подобрувања. „Xiaomi“ беше особено активен, издавајќи два предводници во првите четири месеци од годинава. Неговиот „Mi 11 Ultra“ вклучува еден од најголемите сензори за камери на паметни телефони досега, истакнувајќи ја амбицијата на компанијата да влезе и во премиум сегментот.

„Главниот приоритет на „Xiaomi“ оваа година е да ја зголеми продажбата на своите врвни уреди како што е „Mi 11 Ultra“. Но, тоа ќе биде тешка битка, со оглед на фактот дека „Oppo“ и „Vivo“ имаат слични намери, затоа што и двајцата имаат намера да потрошат големи суми на маркетинг за да ги изградат своите брендови на начин на кој „Xiaomi“ не го стори тоа“, изјави Бен Стантон, менаџер за производство во „Canalys“.

Меѓународната експанзија е најголемиот мотор на раст на „Xiaomi“. Компанијата ја зголеми својата продажба за повеќе од 300% во Јужна Америка, за 150% во Африка и за 50% во Западна Европа, според „Canalys“.

Вториот квартал е обично потивок период за „Apple“ и „Samsung“, бидејќи и двајцата ги подготвуваат своите нови паметни телефони за следните месеци. Производителот на „iPhone“ побара од своите подизведувачи да произведат 90 милиони единици од следната генерација на паметни телефони за оваа година, што е големо зголемување во споредба со продажбата во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП