28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманците го сакаат врвот! Кога „Volkswagen“ ќе ја престигне „Tesla“?

Германците го сакаат врвот! Кога „Volkswagen“ ќе ја престигне „Tesla“?

Германскиот автомобилски гигант неодамна ја претстави својата стратегија за следниот период и најави дека очекува до 2030-та година половина од продадените возила на светскиот пазар да бидат електрични автомобили со батерии.

Пред тоа да се случи, „Volkswagen“ сака да ја престигне „Tesla“ до 2025-та година и да стане најголемиот светски производител на електрични возила, пренесува „Reuters“.

Оваа проценка е прилично оптимистичка, ако се знае дека во 2020-та година, електричните автомобили учествуваа во глобалната продажба со само 3%.

„Поставивме стратешка цел да станеме светски лидер на пазарот на електрични возила и сме на добар пат да го сториме тоа“, рече извршниот директор на групацијата „VW“, Херберт Дис, објавувајќи го планот на производи на компанијата за следната деценија.

Погледот кон иднината покажува дека групацијата „VW“ сака повеќето свои возила на сите поголеми пазари да бидат со нулта емисија до 2040-та година, додека самата компанија се стреми да биде климатски неутрална до 2050-та година.

За да се постигне ова, сите возила во групата ќе мора да се префрлат на механичка платформа за електрифицирани автомобили, додека платформите што ги користат моделите со „SUS“ мотори ќе бидат укинати.

Станува збор за механичка платформа која ќе дебитира за наследникот на сегашниот „Audi A8“, чија премиера е планирана за 2026-та година.

Германската групација исто така инвестира многу во батерии и ќе претстави уникатен дизајн на погонски батерии за електрични возила што ќе ги намали трошоците за 50 проценти во споредба со сегашното ниво. Овој тип на батерија ќе се произведува во шест фабрики низ цела Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП