19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија е против ограничувањето за плаќање во готовина во ЕУ

Австрија е против ограничувањето за плаќање во готовина во ЕУ

Австрија ја потврди својата силна склоност кон готовината во четвртокот, велејќи дека тоа е против планот на Европската комисија да ги ограничи плаќањата во готовина во ЕУ на 10.000 евра.

Австриското Министерство за финансии нарача истражување на ставовите на Австријците во врска со готовината во која скоро половина од испитаниците, 47 проценти, изразија „скептицизам“ во врска со ограничувањата на готовината, 35 проценти го поздравија потегот, а 19 проценти не беа одлучни.

Анкетата е спроведена од „Unique Research“ на примерок од илјада жители.

Политичарите исто така повремено се изјаснуваат за готовината, па екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО) долго време бараше да се запише правото на употреба на готовина во уставот. Многу ресторани и барови сè уште не прифаќаат плаќања со картичка.

Во време на криза, Австријците сакаат да имаат готовина во рака, и ја потврдија оваа навика на почетокот на пандемијата на коронавирусот во март 2020-та година, тие собраа повеќе од четири милијарди евра што ги чуваа дома или во банкарски сефови, според централната банка.

„Јасно и гласно „да“доаѓа од Австрија во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, но исто така подеднакво јасно и гласно „да“ во одбрана на готовина“, рече во изјавата министерот за финансии Гернот Блуемел, додавајќи дека од Австрија повеќе биле склони на готовина само во Кипар и Германија.

Секој што мисли дека ограничувањето на плаќањето во готовина ќе ги намали криминалните активности е во заблуда, тврди Блумел. Поважно е да се регулираат криптовалутите, додаде австрискиот министер, без да навлегува во детали.

„Парите им даваат на луѓето чувство на сигурност, независност и слобода. Ние сакаме да ја зачуваме таа слобода за нив“, рече Блуемел, чија народна партија владееше во коалиција со „FPOe“ од 2017-та до 2019-та година и често се натпреварува со нив за гласачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП