18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМФ: ДДВ за струјата на домаќинствата се намалува од 18 на пет...

МФ: ДДВ за струјата на домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти

Пониска цена за електричната енергија и пониски трошоци за домаќинствата е целта на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадената вредност на Министерството за финансии, усвоен денеска во Собранието на РС Македонија, информира Министерството за финансии.

Според усвоените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадената вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти. Намалената стапка во согласност со законското решени ќе се применува со денот на спапување во сила на Законот за измената и дополнувањето на Законот за данокот на додадената вредност сѐ до 30 јуни 2022 година. По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година, ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата, појаснуват од Финансии.

Целта на воведување на повластените даночни стапка за прометот на електрична енергија кон домаќинставата, како што додаваат од Министерството, е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП