23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие ленти на прстите собираат енергија од потта додека не правите ништо...

Овие ленти на прстите собираат енергија од потта додека не правите ништо и ги полните вашите уреди (ВИДЕО)

Тим научници од Универзитетот во Сан Диего конструираа преносен колектор на енергија што може да произведува електрична енергија, додека оној што го носи не мора да прави ништо. Лентата што е поставена на врвовите на прстите, исто така, произведува енергија додека носителот спие или седи.

А, сѐ што е потребно за да се произведе енергија е малку пот или прстите да допрат нешто, што значи дека лицето кое ги носи не мора да вложува посебни физички напори за да произведе енергија.

Сегашниот пронајдок претставува чекор напред во производството на уште попрактични уреди за носење, кои ќе бидат едноставни и достапни и погодни за секојдневна употреба, посочува коавторот на истражувањето, докторантот Лу Џин.

Малиот уред генерира електрична енергија кога прстите на кои е прицврстен ременот допираат до која било површина и кога се тапка по неа. Секое такво дејство, од пишување на телефон и тастатура, или свирење на пијано, овозможува производство на енергија.

Врвовите на прстите, патем, постојано се потат, бидејќи на нив има повеќе од 1.000 потни жлезди (тие можат да лачат 100 од 1.000 пати повеќе пот од другите делови на телото), така што овој мал уред црпи најголем дел од својата енергија од потта. Деловите на уредот се изработени од иновативни супер-апсорбирачки материјали, кои се многу ефикасни во претворањето на хемикалиите од потта во електрична енергија.

Електродите од јаглеродна пена ја апсорбираат потта и ја претвораат во електрична енергија. Тие содржат ензими кои предизвикуваат хемиски реакции помеѓу молекулите на лактат и кислород за да се произведе електрична енергија. Под електродата има чип што создава дополнителен шум кога нешто се допира со прстите, а целата произведена енергија се чува во мал кондензатор, од кој може да се пренесе на други уреди.

За да го тестираат нивниот уред, научниците имале еден волонтер кој го носел на врвовите на прстите. По 10 часа сон, уредот успеа да собере 400 милиџули енергија, што е доволно за напојување на паметен часовник за 24 часа. Со потчукнување на прстот на различни површини се добива дополнителни 30 милиџули енергија.

Научниците истакнуваат дека, кога нивниот уред ќе биде усовршен, во комбинација со други уреди за складирање на енергија, тој може да биде предводник на потполно нова генерација на преносни уреди кои се напојуваат самостојно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП