3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti најавува суперавтомобил!

Infiniti најавува суперавтомобил!

First Look: Infiniti Emerg-e concept

Откако привлече големо внимание претставувајќи го футуристичкиот хибриден суперавтомобил „Emerg-E“ кој е изработен на основа на „Lotus Evore“, „Infiniti“ најави дека конечната сериска верзија на својот прв суперавтомобил ќе ја претстави во 2017-та или 2018-та година.

Меѓутоа инженерите се уште ја разгледуваат опцијата за поставеноста на моторот, односно дали агрегатот ќе се наоѓа напред или ќе биде централно позициониран како кај концептот „Emerg-E“.

„Се уште размислуваме за поставеноста на моторот. Сите опции се на располагање, а истото важи и за погонскиот склоп“, изјави Финтан Најт шефот на „Infiniti Europe“.

Пред хибридот „Emerg-Е“, „Infiniti“ го прикажа концептот „Essence“ – „GT“ автомобил кој во целост беше со друга концепција.

На крајот какви и да бидат спецификациите, автомобилот ќе биде направен во соработка со својот партнер од Формула 1, тимот на „Red Bull Racing“. Сепак учеството на „Red Bull“ најверојатно ќе биде само формалност и повеќе ќе станува збор за маркетиншкиот дел со што јапонскиот бренд ќе биде рекламиран на нивните болиди.

Токму поради таа соработка се очекува идниот суперавтомобили да поседува „V6“ агрегат кој ќе биде поврзан со хибриден систем и со тоа да го отсликува погонскиот склоп на „F1“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП