Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека е потребна масовна вакцинација за да се спречи есенскиот бран на епидемијата и предупреди на ризикот од ширење на делта-сојот.
„По 11 недели пад на бројот на новозаболени во Европа, повторно имаме раст како резултат на делта-сојот на вирусот, кој ќе стане доминантен до крајот на август, но за разлика од минатата година имаме ефикасни вакцини и можност да избегнеме понатамошно влошување“, рече Клуге по посетата на еден од центрите за вакцинација во Љубљана, Словенија.

