19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАПовторно појава на ковид меѓу патници на крузер во Сингапур

Повторно појава на ковид меѓу патници на крузер во Сингапур

Крузерот „Пловидба од соништата“ на компанијата „Гентинг Круз Линесон“ се врати во пристаништето во Сингапур, поради сомнение дека еден 40-годишен патник е заразен со Ковид-19.

„ Беше наведено дека патникот е во близок контакт со лице на копно за кое е потврдено присуство на коронавирусот. Тој патник веднаш беше испратен на изолација во согласност со здравствените протоколи на бродот”, соопшти сингапурската туристичка организација.

Во соопштението се наведува дека на бродот било утврдено дека патникот имал позитивен резултат на тестот за ПЦР и дека бил префрлен во болницата за понатамошни медицински анализи.

Оттаму додаваат дека идентификувани се тројца придружници на заразениот човек и сите се испратени во изолација.

Сите активности на бродот се суспендирани до ново известување, а од патниците е побарано да останат во нивните кабини додека не завршат медицинските анализи, објавените резултати и идентификувани можни контакти.

Гентинг, кој е сопственик на крстосувачот, досега не одговори на барањата за коментар за случајот.

И на почетокот на пандемијата неколку крузери беа „карантински зони“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП