26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСветската здравствена организација е против мешање на вакцините

Светската здравствена организација е против мешање на вакцините

Научникот од Светската здравствена организација, Сумија Сваминатан, ги советуваше луѓето да не мешаат вакцини против ковид-19 од различни производители, нарекувајќи го „опасен тренд“.

Таа додаде дека ситуацијата во земјите ќе биде хаотична доколку самите граѓани започнат да одлучуваат кога и кој ќе ја земе втората, третата и четвртата доза, пишува Ројтерс.

СЗО објави дека се достапни само некои податоци за мешање на вакцините и дека се очекува повеќе.

Стратешката советодавна група на експерти на СЗО во јуни рече дека вакцината Фајзер може да се користи како втора доза по првата доза на АстраЗенека, доколку во меѓувреме има недостиг на вакцини.

Во тек се спроведуваат клинички испитувања кои ги воде Универзитетот во Оксфорд, кој ќе се занимава со мешање на АстраЗенека и Фајзер, како и на вакцините Модерна и Нововак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП