18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските банкари сè помалку доаѓаат во канцелариите

Германските банкари сè помалку доаѓаат во канцелариите

Банките во Германија брзо го намалуваат бројот на квадрати што ги користат и изнајмуваат откако се повеќе работници изразија желба да работат трајно од дома.

Угледниот Bloomberg ги прогласи германските банки за лидери во глобалниот пресврт што може засекогаш да го промени начинот на работа на банкарите, но и целиот свет, пишува тпортал.

Deutsche Bank моментално испразнува неколку спрата во кои работеле 1.000 луѓе пред избувнувањето на пандемијата. Германската подружница на HSBC испразнува шест локации во Дизелдорф и се сели во нова зграда со половина простор, додека BNP Paribas во Франкфурт планира да го намали деловниот простор за 40 проценти. Регионалните банки DZ Bank и Bayern LB имаат слични планови, пишува Bloomberg.

Темпото со кое банките во Германија го трансформираат бизнисот е побрзо од сите европски конкуренти кои исто така имаат дарежлива домашна политика во постпандемискиот свет. Постои голема разлика помеѓу постапките на европските и американските банки, затоа гиганти како Goldman Sachs го задржуваат моделот според кој сите треба да работат од канцеларија.

Намалувањето на квадратите ги овозможија слободните политики во Унијата, во кои скоро сите банки воведоа флексибилни модели на работа, според кои вработените работат од дома два до три дена во неделата.

Резултатот од ваквите практики е дека класичните работни места во канцеларијата се минимизираат додека преостанатите работници кои ќе дојдат да работат во канцеларијата можат да седат на кое било слободно место и да немаат „цементирано“ свое биро. Deutsche Bank ваквата програма ја нарече „Future of Work“.

Банкарските гиганти како Credit Suisse, UBS и UniCredit веќе рекоа дека работењето од дома ќе ослободи многу канцелариски простор, но Германците досега отишле најдалеку, можеби затоа што во повеќето земји закупите се за десет години или подолго., Така откажувањето на договорот би довело до плаќање на казни.

Покрај тоа, многу банки дури сега дозволија работа од дома затоа што мораа да утврдат кои луѓе и кои работни места се погодни за ваков вид на работа, а плановите за намалување на закупнините дури сега можат да почнат да стануваат реалност. Скоро 40 проценти од работниците во германскиот услужен сектор во јуни работеле од дома или барем делумно од дома, објави престижниот институт IFO, додека на национално ниво секој трети вработен работи делумно или целосно од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП