По големиот број пријави од граѓани, Државен инспектор за животна средина вчера (11 јули) во присуство на раководителот на инспекторатот на Град Скопје изврши детална проверка на погоните во Титан Цементарница Усје за откривање на причините за емисиите на прашина што се случија во изминатиот ден.
„По проверката беше утврдено дека поради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер, при што се случило истекување на материјал од циклон во текот на интервенција за негово одглавување. Настанати се фугитивни емисии на прашина, што содржат варовник и лапорец, суровини што се користат за производство на клинкер.

