20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската економија годинава ќе биде најтешко погодена од загубите во туризмот (ИНФОГРАФИК)

Турската економија годинава ќе биде најтешко погодена од загубите во туризмот (ИНФОГРАФИК)

Ковид-19 ќе ја чини глобалната економија до 4 трилиони долари во 2020-та и 2021-ва година поради колапсот на меѓународниот туризам, се вели во новиот извештај на ООН. Очекуваните загуби се предизвикани од директното влијание на пандемијата врз туризмот, како и нејзините ефекти врз другите сектори.

Овој пад на меѓународните пристигнувања доведе до загуба од 2,4 трилиони долари во 2020-та година. Слична загуба се очекува во 2021-ва година, пишува „Statista.com“.

Додека работите се подобруваат во многу развиени земји, сликата останува мрачна во земјите во развој поради нееднаквостите во пристапот до вакцините.

Индустријата сега се очекува да закрепне побрзо во земјите со високи стапки на вакцинација како што се Западна Европа и САД, но експертите не очекуваат враќање на нормалното ниво на туризам пред пандемијата до 2023-та година или подоцна.

Извештајот користи три можни сценарија за проценка на загубите за 2021-ва година, кои вклучуваат различни падови на пристигнувања и нивоата на вакцинација. Во најлошото сценарио, кое вклучува пад од 75% на пристигнатите туристи, ќе има уште 2,4 трилиони загуба за 2021-ва година. Овој резултат ќе биде поразителен за многу земји, особено за Турција, каде што туризмот учествува со пет проценти во БДП-то.

Во извештајот се вели дека Турција ќе забележи пад на побарувачката за туризам од 33 милијарди долари во најлошото сценарио за загуба во секторите како што се храна, пијалоци, малопродажба, комуникации и транспорт. Ова би довело до девет проценти реална загуба на БДП-то, иако делумно би се надоместила со мерките за фискален стимул.

Според извештајот, Еквадор и Јужна Африка се исто така меѓу земјите кои ќе имаат најголеми удари. Во најлошо сценарио, тие би претрпеле реални контракции на БДП-то за девет проценти, односно осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП