20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Opel“ станува производител на електрични автомобили во 2028-ма (ФОТО/ВИДЕО)

„Opel“ станува производител на електрични автомобили во 2028-ма (ФОТО/ВИДЕО)

До 2028-ма година, „Opel/Vauxhall“ ќе стане целосно електрична марка во Европа, објави извршниот директор на компанијата Мајкл Лошелер. Ова се случи за време на презентацијата на плановите за електрификација на алијансата „Stellantis“, чиј дел е германскиот производител.

Еден од првите чекори во новата насока што ќе ја преземе „Opel“ е враќањето на легендарната „Manta“ како модел на електрична енергија. Ова ќе се случи во средината на оваа деценија, а деталите за автомобилот не се откриени. Беше прикажана само една слика од него, што го покажува генералниот изглед на електричниот спортски модел.

Рокот за целосно префрлување на електрични автомобили од „Opel“ е две години пред оној на ривалот „Ford“, кој вети дека целосно ќе го електрифицира својот опсег за Европа во 2030-та година. Германците планираат да понудат хибридни верзии на сите нивни модели уште во 2024-та година.

Матичната компанија „Stellantis“ објави дека подготвуваат 4 платформи за електрични автомобили за нивните брендови, кои ќе овозможат километража од 500 километри со едно полнење. Тие се нарекуваат „STLA Small“, „STLA Medium“, „STLA Large“ и „STLA Frame“. „Opel“ најверојатно ќе користи ја „STLA Small“, додека „Medium“ е наменет за премиум брендовите на концернот. Платформите „Large“ и „Frame“ се насочени кон американските брендови на „Stellantis“.

Во моментов „Opel“ нуди електрични верзии на својот мал хечбек „Corsa“ и моделот „Mokka“, како и товарните „Vivaro“ и „Combo“. Компанијата продаде и хибридна верзија на својот компактен кросовер „Grandland“. Генерално, хибридите сочинуваат само 9% од вкупната продажба во Европа од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП