27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ може да распредели 650 милијарди долари на членките до крајот на...

ММФ може да распредели 650 милијарди долари на членките до крајот на август

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри дистрибуција на 650 милијарди долари за специјални права за влечење (СДР), што меѓународниот заемодавател планира да ги распредели на земјите-членки до крајот на август.

Извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева рече дека предлогот за споделување на посебни права за влечење сега ќе биде презентиран пред управниот одбор составен од претставници од 190 земји-членки.

„Ако биде одобрен, очекуваме поделбата на „СДР“ да заврши до крајот на август“, додаде шефот на ММФ.

„Тоа ќе му помогне на светот“, рече Георгиева во изјавата издадена пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г-20 во Венеција.

„Поделбата на правата ќе ги зајакне ликвидноста и резервите на сите наши членки, ќе ја зајакне довербата и ќе ја поддржи отпорноста и стабилноста на светската економија“, додаде шефот на ММФ.

Доколку биде одобрена, поделбата ќе биде најголема во 77-годишната историја на ММФ. Последен пат, меѓународен заемодавател издаде „СДР“ во 2009-та година, во вредност од 250 милијарди американски долари, за ублажување на глобалната финансиска криза.

Посебните права на влечење на ММФ се „валути“ и се засноваат на корпата составена од долар, евро, јен, фунта и јуан.

За да можат да ги потрошат, земјите мора да најдат земја партнер подготвена да ги размени за конвертибилни валути, објаснува „Reuters“.

Споделувањето на новите права на влечење, поддржано од членките на Г-20 во април, ќе биде од корист на сите земји-членки, рече Георгиева, и треба особено да им помогне на ранливите земји подобро да се справат со кризата предизвикана од Ковид-19.

„ММФ ќе работи со земјите-членки во наредните месеци за „идентификување на одржливи опции за доброволно насочување на „СДР“ од побогатите членки за поддршка на посиромашните и поранливите“, објави Георгиева.

Финансиските претставници на Г-20 се очекува да разговараат денес и утре за потенцијалните механизми за дистрибуција на „СДР“ до земјите со ниски примања, но и за некои ранливи земји со среден приход и малите островски земји, забележува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП