1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Хрватска

Намалена невработеноста во Хрватска

zagreb1

На крајот на јули во евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување биле регистрирани 316.246 невработени лица, што е за 0,6 проценти или 1.864 лица помалку отколку во јуни.

Во однос на истиот месец минатата година, бројот на невработени лица е зголемен за 5,9 проценти или за 17.556 лица, пренесува Т-портал, со напомена дека ова е петти месец по ред во кој Хрватска бележи намалување на невработеноста.

На намалувањето на невработеноста влијаеа сезонските вработувања, а според податоците на хрватскиот Завод за вработување, од јануари до јули на сезонските работни места се вработени 37.186 лица, што претставува 27,4 проценти од вкупниот број на вработени лица. Тоа е за 1.708 лица или 4.8 проценти повеќе во однос на бројот на вработени на сезонските работни места во истиот период во 2012 година.

Во јули од евиденцијата на невработени лица се избришани 33.593 лица, додека новорегистрирани се 31.729 лица. Во овој месец се вработени 22.812 лица, што е за 21,9 проценти повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.

Работниците најчесто се вработуваат во туристичките објекти, во угостителскиот сектор, трговијата и преработувачката индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП