Според веб-страницата „Коингеко“, утрово продолжи трендот на опаѓање на вредноста на повеќето од најпознатите крипто-валути во светот.
Биткоинот, во последните 24 часа, забележа пад на вредноста од 0,7 проценти, т.е. во моментов се тргува по 32,927 долари. Во последните 7 дена неговата вредност падна за вкупно 2,4 проценти.

