5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави рецесијата во Грција

Забави рецесијата во Грција

grcija8

Грчката економија покажува знаци на закрепнување во вториот квартал од оваа година, таа потона за 4,6 проценти во споредба со падот од 5,6 проценти од претходниот месец.

Грчкиот Завод за статистика наведува дека рецесијата во Грција, иако и понатака трае, е послаба во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Економијата минатата година потона за 6,4 проценти. Грција доби помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во замена за големите структурни реформи во економијата, а грчкиот банкарски сектор зависи од програмата за рефинансирање на Европската централна банка.

Владата во Атина прогнозира дека економијата во оваа година ќе потоне за само 4,3 проценти, а наредната ќе забележи раст за 0,2 проценти.

Буџетот на централната власт, кој не ја вклучува потрошувачката на локалните власти и каматите на долговите, имаше суфицит од 2,6 милијарди евра во првите седум месеци од годинава, наведува заменик министерот за финансии Христос Стаикурас.

Грција се надева дека оваа година ќе оствари примарен суфицит (во кој не се пресметани каматите на јавниот долг), кој е неопходен за јавниот долг да започне да се намалува.

Вчера, германскиот весник Шпигел, повикувајќи се на документите на германската централна банка, објави дека на Грција можеби би и бил потребен уште еден пакет помош, бидејќи не е способна сама да се извлече од кризата.

ЕУ, ЕЦБ и ММФ, од друга страна, неодамна го пофалија напредокот на Атина, кој таа го оствари на полето на реформите и ја одобрија исплатата на наредната транша помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП