ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција приватизираше дел од државната лотарија

Грција приватизираше дел од државната лотарија

greeklottery

Грција денеска ја спроведе својата прва голема приватизација со продажба на дел од државната лотарија на грчко-чешки инвестициски конзорциум, пренесува ДПА.

Грција ќе добие околу 652 милиони евра од конзорциумот Ема Делта за продажбата на околу 33 проценти од акциите од државната компанија за спортско обложување ОПАП.

– Ова е силна порака до меѓународната заедница дека Атина е решена и има способност да ја спроведе приватизацијата, изјави министерот за финансии Јанис Стурнарас, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП