7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас испратил писмо до Путин со барање за поевтин гас

Самарас испратил писмо до Путин со барање за поевтин гас

samaras-otkazana

Грција бара подобри цени од рускиот гасен гигант „Газпром“, пишува денеска весникот „Катимерини“.

Според информациите на весникот, грчкиот премиер Андонис Самарас испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин на крајот на јули, во кое побарал отстапка од цените на рускиот гас, увезуван во Грција, по намалувањето на цените за други европски клиенти.

Атина тврди дека купува руски гас за 30 проценти поскапо од просечното европско ниво. Намалувањето на енергетските трошоци се смета за клучно за засилување на компетитивноста на економијата на земјата.

Грчката гасна компанија ДЕПА неодамна побара од „Газпром“ намалување на цените, додава „Катимерини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП