25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАХрватска – ниту едно вакцинирано лице не починало од коронавирус

Хрватска – ниту едно вакцинирано лице не починало од коронавирус

Ниту едно лице во Хрватска кое е вакцинирано не починало од последици од коронавирус, покажуваат податоците на хрватскиот Институт за јавно здравје, пишува „Јутарњи лист“.

Анализата е направена врз основа на податоците за сите лица вакцинирани до 10 мај, вкупно 882.120, чиј статус е проверен три недели подоцна, на 1 јуни.

Од сите вакцинирани лица, 8.423 се заразиле откако ја примиле првата доза, што е нешто помалку од еден процент од вкупно вакцинираните. По целосна вакцинација, односно примени две дози, се разболеле 1.146 лица.

Од вакцинираните со две дози, 149 се хоспитализирани, или 13 проценти од оние кои се разболеле и покрај вакцината, а меѓу вакцинираните со една доза, околу 9 проценти завршиле во болница.

Ниту едно вакцинирано лице не починало.

Мирослав Венус, претседател на Хрватското епидемиолошко друштво, објаснува дека се очекува помал дел од вакцинираните лица да се разболат, како што е случај со сите вакцини, но клучно е дека вакцината штити од смрт и тешка форма на болеста.

„Ова е доказ за сите самопрогласени експерти, ова е практично искуство за сите оние кои сметаат дека вакцината не е доволно истражена. Ако ковид-19 беше настинка или блага температура, тогаш не би ни требала вакцина. Ниту јас не би се вакцинирал ако болеста беше таква, но ова е смртоносна болест“, вели Венус, пренесува „Јутарњи лист“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП