Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги тужи трите најголеми технолошки компании – Фејсбук, Твитер и Гугл – како и нивните извршни директори. Тoj тврди дека бил погрешно цензуриран од тие три фирми.
„Барам запирање на тишината и запирање на црните списоци, протерувања и поништувања што сите добро ги знаете“, рече Трамп на прес-конференција во неговиот голф-центар во Њу Џерси. Тужбите беа поднесени во окружниот суд во Флорида.

