2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено производството на шумски производи

Намалено производството на шумски производи

drvo

За 3,1 отсто е намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2013 година во однос на второто тримесечје од 2012.

Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, друго обло дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни и кај огревното дрво од иглолисни видови. Намалување има кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП