24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат трошоците за живот

Растат трошоците за живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.9.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27.8 %, услугите за сместување за 4.6 %, медиумите за снимање за 4.4 %, другите печатени материјали за 2.5 %,  течните горива за домаќинствата за 2.1 %, книгите за 1.7 %, терапевтските помагала и опремата за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена  за 0.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за  0.5 %, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.5 %, јајцата за 0.7 % и оризот за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3.7 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.4 %, малите апарати за домаќинствата за 1.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП