20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДудинка - исклучително моќна бобинка

Дудинка – исклучително моќна бобинка

Еколошки здравата црна и бела дудинка се смета за најпаметна билка бидејќи таа го „избира“ времето на цветање и притоа не ја напаѓаат никакви штетници. Дудунката спречува стареење на организмот…

Без разлика дали се работи за бела или црна, дудинката е најмоќниот природен лек кој е на дофат на нашите раце. Плодовите од ова, помалку заборавено дрво, се исклучително вкусни, па токму затоа треба да се консумираат во свежа состојба додека трае сезоната на берење, советуваат народните лекари. Дрвото на дудинката не го напаѓаат никакви штетници, поради што тие се сметаат за еколошки здрави.

Вергилиј за дудинката напишал дека е најпаметна билка, бидејќи последна процветува, чекајќи го топлото време. Таа цвета во мај и јуни, а созрева во август, кога и се бере. За лекување, во рана есен се собираат листови, кора од дрвото и кора од коренот. Поради својата исклучителност, современите експерти тврдат дека дудинката треба да се класифицира во суперхрана, бидејќи го спречува стареењето на организмот и помага при многу болести.

dudinka3

Црната дудинка (Morus nigra) во народната медицина се користи против воспаленија на уринатниот тракт, болести на устата и грлото, епилепсија, депресија, несоница, вртоглавици, каснување од инсект и змија. Свежите незрели плодови се делотворни при дијареа, додека зрелите претставуваат благ лаксатив. Сокот од дудинка и сирупот овозможуваат полесно искашлување, потење и мокрење, а се препорачува и за испирање во случај на воспаление на грлото и усната празнина. Листот од црната дудинка успешно го намалува и регулира нивото на шеќерот во крвта, па често се применува и во различни чајни мешавини за дијабетес.

Чајниот напиток од кора од црна дудинка исклучително многу помага во лекувањето на заболени црева, констипација, паразити и треска. Овој вид на чај се покажал како делотворен и против кашлица, при лечење на астма, бронхитис, настинка, инфекција на очите и носот.

dudinka

Белата дудинка (Morus alba) претставува природен аналгетик, антиастматик, антиревматик, диуретик, седатив, тоник… Како делотворна се покажала и во лекувањето на афти, астма, бронхитис, болести на вратот, главоболки, хипертензии.

Сокот од бела дудинка особено се препорачува за релаксација на нервниот систем, против меланхолија и несоница, како и различни воспалителни состојби. Правот од кората се употребува како мелем за побрзо зараснување на раните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП