сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаСПОРТБИЗСари: Згрешив што си отидов од Челси, беше тешко да се работи...

Сари: Згрешив што си отидов од Челси, беше тешко да се работи со Роналдо

Маурицио Сари вели дека работата со Кристијано Роналдо во Јувентус „не била едноставна“ и додава дека направил грешка што си заминал од Челси по само една година.

Искусниот Италијанец се враќа на работа следната сезона сo Лацио откако паузираше една година по авантурата во Јувентус во сезоната 2019/20, кога италијанската титула не му беше доволна да му спаси работата.

„Да се менаџира Роналдо не е едноставно, од било која гледна точка. Тој е мултинационална компанија, има лични интереси кои мора да се поклопат со фудбалските. Неговите интереси се далеку над нормалноста, над редот во било кој тим. Јас сум тренер, а не менаџер. Но, на крајот, Роналдо ги носи бројките. Во последните години слушаме многу за фудбалерите, а малку за тимовите“, вели  Сари.

Пред да помине една сезона во Торино, 62-годишниот Сари исто така имаше едногодишна авантура во Челси, со кои ја освои титулата од Лига Европа, но веднаш се врати во Италија.

„Марина Грановскаја сакаше да ме заддржи во Лондон. Денеска можам да кажам дека направив грешка што сакав да се вратам во Италија по секоја цена. Челси се голем клуб, и потоа донесоа многу млади фудбалери кои совршено ќе ми одговараа. Таа година Роман Абрамович не смееше да дојде во Англија и имав газда кој не беше присутен. Работите ги завршуваше Марина, која имаше илјада работи за средување, но без финансиска сила. Подоцна дојдоа Вернер, Хаверц, Маунт, Зијеш, со кои ќе можев да соработувам одлично“, додава Сари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП