17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо години тестираат четиридневна работна недела: Резултатите се одлични

Со години тестираат четиридневна работна недела: Резултатите се одлични

На Исланд, од 2015 до 2019 година, тестирале четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број на работни часови. Сега се објавени резултатите кои покажуваат дека експериментот бил „исклучително успешен“ и многу работници се префрлиле на скратено работно време, пишува Би-Би-Си.

Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествуваа во експерименталната четиридневна работна недела, што претставува околу 1% од работоспособната популација на Исланд. Сè се одвиваше под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници се префрлија од 40-часовна работна недела во 35 или 36-часовна, велат истражувачите од британскиот Trust Think Autonomy и Здружението за одржлива демократија (Алда) на Исланд.

Засега, 86% од работната сила во Исланд или се префрлиле на скратено работно време за иста плата или допрва ќе се стекнат со право на тоа, велат истражувачите.

Работниците под помал стрес, се чувствуваат подобро

Работниците изјавија дека се под помал стрес, а тие исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу приватниот живот и работата.

„Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент со скратено работно време во јавниот сектор е неверојатно успешен според сите мерки“, рече Вил Стронге, директор за истражување во Autonomy.

„Тоа покажува дека јавниот сектор е зрел да биде пионер на скратено работно време и ова може да биде лекција од која другите влади можат да научат нешто“, рече Стронге.

„Во модерната ера постои можност да се работи помалку“

„Ова ни покажува не само дека е можно помалку да се работи во модерната ера, туку и дека се можни прогресивни промени“, рече Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач на Алда.

Шпанија исто така експериментира со четиридневна работна недела за одделни компании, делумно поради пандемијата на коронавирусот.

Унилевер, британско-холандската компанија која произведува стока за широка потрошувачка, им дозволи на работниците во Нов Зеланд да го намалат работното време за 20%, а истовремено да ги задржат своите плати на исто ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП