19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводителите на нафта без договор, цените на тригодишен максимум

Производителите на нафта без договор, цените на тригодишен максимум

Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во скоро три години откако разговорите меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници беа одложени на неодредено време, бидејќи групата не успеа да постигне договор за производната политика од август наваму.

Фјучерсите на сурова нафта во САД – „WTI“ пораснаа за 1,56% или за 1,17 долари на 76,33 долари за барел, што е највисоко ниво од октомври 2018-та година.

Меѓународната референтна цена за пазарот на „црно злато“, нафтата Брент од Северно Море, зајакна за 1,2 проценти или 93 центи, на 77,10 долари за барел, пренесува „CNBC“.

Разговорите меѓу членовите на ОПЕК и нивните сојузници, групата популарно наречена ОПЕК +, започнаа минатата недела за да се утврди производната политика до крајот на годината.

Во петокот, групата гласаше за предлогот за зголемување на испораките на пазарот за 400.000 барели дневно секој месец од август до декември, што би резултирало со вкупно зголемување на понудата за два милиони барели дневно до крајот на годината. Учесниците на состанокот предложија и договорот за ограничување на производството да се продолжи до крајот на 2022-ра година.

Сепак, Обединетите Арапски Емирати ги отфрлија овие предлози, па беше договорено преговорите да продолжат во понеделник во обид да се постигне консензус, но на крајот состанокот беше откажан.

„Датумот на следниот состанок ќе биде одреден во догледно време“, рече генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо.

Групата ОПЕК + презеде историски мерки во април 2020-та година, намалувајќи го производството за скоро 10 милиони барели дневно со цел да ги поддржи цените, бидејќи побарувачката за нафтени производи нагло падна како резултат на пандемијата со Ковид-19.

Од тогаш, групацијата постепено го зголеми снабдувањето со барели на пазарот и се состануваше скоро секој месец за да разговара за производната политика.

„Предлогот даден на состанокот не беше добар за нас“, рече министерот за енергетика и инфраструктура на ОАЕ Сухаил Ал Мазруи за „CNBC“ во неделата. Тој додаде дека земјата ќе поддржи краткорочно зголемување на снабдувањето, но сака подобри услови договорот за ограничување на пумпањето да биде продолжен до 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП