15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Руската економија не е во рецесија“

„Руската економија не е во рецесија“

rusija2

Русија влезе во период на економска стагнација но таа не западна во рецесија, изјави рускиот министер за економски развој по објавените податоци за економскиот раст.

„Во нашата земја во моментов нема рецесија и нема ни да има“, изјави министерот Алексеј Уљукаев во интервјуто за дневникот „Комерсант“ и додаде дека терминот кој одговара на оваа ситуација е стагнација, бидејќи растот е многу мал.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија е зголемен за 1,2 проценти во вториот квартал од оваа година, во однос на истиот период од минатата година, по растот од 1,6 проценти во првиот квартал, покажаа прелиминарните податоци кои во петокот ги објави Сојузниот институт за статистика.

Владата очекуваше дека економскиот раст ќе биде 1,9 проценти и соопшти дека би можела да ја ревидира проценката на пониско за растот за цела година, која сега изнесува 2,4 проценти. Растот на БДП во Русија во 2012 година изнесуваше 3,4 проценти, а во 2011 година тој беше 4,3 проценти.

Растот во вториот квартал од оваа година во Русија е најнискиот од рецесијата во 2008-2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП