23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Genesis“ ја претстави спортската верзија на својата најпопуларна лимузина (ФОТО/ВИДЕО)

„Genesis“ ја претстави спортската верзија на својата најпопуларна лимузина (ФОТО/ВИДЕО)

„Genesis G80“ го започна својот живот како „Hyundai Genesis“ пред да биде ребрендиран како модел за новата истоимена корејска луксузна марка во 2016-та година. Луксузната лимузина од средна големина влезе во својата нова генерација во минатата пролет, станувајќи база за првиот корејски автомобил пред неколку месеци.

Сега, уште една модификација на моделот е на дневен ред, бидејќи „Genesis“ ја врати верзијата „G80 Sport“ во гамата. „Облечена“ во ексклузивна црвена боја, атлетската верзија на конкурентската „BMW 5 Series“ има модифицирани браници и генерално поагресивен дизајн, со поголеми воздушни канали.

Обично, во спортски изглед верзии на луксузни автомобили, производителите се поскромни со употреба на хромирани детали, но во овој случај спортската верзија е „посјана“ како и остатокот од семејството. Седанот има ексклузивни тркала од 20 инчи, кои ќе бидат достапни само за верзијата „Sport“, а интересно е што дебеломерките на сопирачките се црвени напред и црни одзади.

Во кабината, врв е новиот спортски волан со три крака, чие црвено шиење одговара на црвената кожа што се користи за седиштата, долниот дел од контролната табла и на други места. Деталите направени од алуминиум и вистински јаглерод ја надополнуваат ексклузивноста на модификацијата.

Целосните спецификации на „Genesis G80 Sport“ ќе бидат откриени подоцна во оваа година, пред лансирањето на моделот во текот на есента. Производителот потврди дека новата верзија ќе има и задни придвижени тркала, за да може да има подобар радиус на вртење и, генерално, пооптимално маневрирање.

Се очекува погонот да му биде доверен на 3,5-литарски V6 бензински мотор, кој во конвенционалниот „G80“ испорачува 375 ks и 530 Nm. Од логото на „4WD“ на новата модификација очигледно е дека погонот ќе биде на сите четири тркала.

https://www.youtube.com/watch?v=_BD1QkcS-Kc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП